Во Охрид, вчера за кусо време наврнаа 42 литри дожд  на метар квадратен и дуваше ветар со брзина од 90 метри во секунда, За сите тоа беше опасна елементар непогода , а за ВМРО- ДПМНЕ шанса за се што ќе се случи во да го обвинат градоначалникот Александар Петрески, се вели во реакцијата од Кабинетот на градоначалникот на општина Охрид, на обвинувањата што на негова адреса денеска ги упати ОК ВМРО ДОМНЕ – Охрид.
-Вашите градоначалници го направија колекторот кој не функционираше,  јас го доизградив, го ставив во функција и целосно го исплатив од прв до последен денар, заедно со огромните затезни камати; Изградивме колекторска примарна и секундарна мрежа на потегот Лагадин-Пештани, во должина од шест километри, со две нови Пумпни станици, со што сите туристички населби од овој дел, конечно, добија канализација и конечно го заштитивме Езерото, што, патем, да Ве потсетиме, е  законска обврска на Централната власт; Изградивме фекална канализација во Велгошти, во Лескоец, во Пештани, во Рача, во Подмоље, во Болнички комплекс; Извршивме целосни реконструкции на улиците “Гоце Делчев“ и “Даме Груев“ со комплет нова водоводна, канализациона и дождовна мрежа, нови тротоари и ново улично осветлување;-стои во соопштението, во кое уште се наведени реконструкциите извршени во населбата “Билјанини Извори“, и  во населбите „Горна и Долна Влашка Маала“.
Од локалната самоуправа посочуваат дека колекторскиот систем во Охрид е единствен од ваков вид во Македонија и дека не е толку совршен да ги издржи големите елементарни непогоди.
OhridNews