Донесените заклучоци од училишниот одбор на охридската гимназија, од локалната самоуправа ги оценуваат како тенденциозни, без правно дејство, кои имаат за цел да ја подгреваат атмосферата во јавноста за незаконитост во постапката.

– Ги потсетуваме членовите на УО дека градоначалникот Бакрачески, своите одлуки ги носи врз законска основа, а при тоа во целост ги почитува одлуките и решенијата на надлежните институции. Исто така, ги потсетуваме дека УО е тело кое има пред се советодавна улога во функција на избор на директор, и дека не треба да го зема правото на Управен Суд и да ги оценува постапките во целиот процес. Доколку членовите сакаат на целиот случај да му дадат соодветна правна насока, треба да поведат постапка пред други инстуции или пак доколку се толку сигурни во своите потези, нека поведат соодветна постапка против актот на градоначалникот, со  кој изборот на директор беше вратен назад, стои во реакцијата од локалната самоуправа.

Оттаму,потенцираат дека градоначалникот Никола Бакрачески, во законски утврдена процедура, ќе го избере најдоброто решение за директор на ОСУ “Св. Климент Охридски“.

– Уверени сме дека со тоа ќе престанат задкулисните игри, а вработените ќе продолжат со нормално одвивање на  наставно воспитниот процес, велат од локалната самоуправа.

OhridNews