По стариот традиционален обичај, за Стара Нова година се врти василичарската пита во која се бара паричето. Според верувањата на оној на кој ќе му падне паричката, новата година ќе му биде среќна и бериќетна. Овој обред најчесто се врши во кругот на семејството, а во поселедно време се почесто тоа се прави и во кругот на пријатели или на работа. Василичарската пита (три) денеска се вртеше и во општината. Најсреќни беа Габриела Патчева, Кристина Наумоска и Никола Размоски, кај кои паднаа паричињата.

Ohridnews