Дел од охридските советници, претседателот на Советот, Душко Јаковчески и градоначалникот Александар Петрески, по повод новогодишните празници, деновиве беа гости на охридкото  Здружение на инвалидизираните лица.


На средбата беше разговарано за досегашнаат  успешна  соработка, помеѓу здружението и Општината и беше констатирано дека тоа е добра основа за соработка и во наредната 2010 година.


Во организација на локалната самоуправа и општинската организација на Црвениот Крст, а по повод Новата година, за стотина социјално загрозени сограѓани вчера беше организиран свечен ручек. На средбата социјално загрозените лица ги искажаа своите проблеми, изразувајќи надеж дека надлежните ќе направат се што е во нивна моќ за да ги ублажат последиците од немаштијата која погоди многу охридски семејства.

Ohridnews