Општината ке формира ново јавно претпријатие кое ќе стопанисува  спортските објекти и паркинг просторот во градот. Одлуката мина од втора (на претходната седница расправата беше одложена поради добивање дополнителни информации) со образложение дека сегашното јавно претпријатие  „Охридски комуналец“ е премногу гломазно и не може во целост да одговори на поставените задачи.


општината ќе формира ново јавно претпријатие

Со формирање на новото јавно претпријатие Комуналец ќе се растовари од бројните обврски,   ќе се рационализира работата, а работниците кои ќе преминат во новото јавно претпријатие ќе имаат точно зададени задачи и нема залудно да седат и за тоа да примаат плата  истакна  советникот и актуелен директор на „Охридски Комуналец“,  Боро Павлоски.

Советот на општина Охрид на 43-та седница  расправаше и го донесе  ребалансот на буџетот за 2007 година.

Мики Трајковски