Советот на Општина Охрид денеска ја одржа 50-та седица, на која беше изгласана Предлог одлуката за давање на трајно користење на недвижен имот, сопственост на Општина Охрид на ЈП „Градски пазар“ Охрид.

Се работи за имот на општината кој со физичката делба со приватниот партнер и припадна во делбата на новиот објект на пазарот.

Оваа точка беше единствена на дневниот ред на седницата.

OhridNews