
Според планираното, оваа манифестација ќе се реализира во две етапи: првата од 20 до 31 јули и втората од 20 до 31 август 2014 година, преку заедничко финансирање од страна на Министерството за култура и локалните самоуправи.
На конкурсот, општините треба да достават програма со проекти од сите области на културата: филм, театар, музика, танц, литература и ликовна уметност. Програмскиот концепт може да содржи самостојни и групни ликовни изложби, концерти од сите музички форми и жанрови (солистички, камерни, симфониски, популарни, етно, џез, концерти на фолклорни и хорски ансамбли и слично), изведби на класичен и современ танц, филмски проекции, драмски претстави, проекти наменети за најмладата популација, поетски читања и друго.
Конкурсот ќе трае 30 дена од денот на објавувањето.
OhridNews











