
Прашалникот ќе се состои од 20 прашања на кои натпреварувачите писмено ќе одговараат за време од 1 час . Прашањата ќе бидат формулирани според содржината во прирачникот „млади библиотекари“ од Миле Бошески, кој заинтересираните ученици може да го изнајмат од библиотеката.
Победниците од овој натпревар се стекнуваат со право на учество на републичкиот (државен) натпревар кој традиционално, секоја година го организира Библиотекарското здружение на Македонија, а истиот годинава ќе се одржи на 25.10.2013 година во Неготино.
OhridNews











