Иако сребрен, организацијата на  25-от јубилеен маратон потсетуваше небаре прв или втор пат охриѓани да организираат ваков настан. Ако квалитативно трката ги оправда очекувањата, соборен беше рекордот на патеката во женска конкуренција, сериозни пропусти имаше во организацискиот дел на целната рамнина на градското пристаниште.


Шеталиште или цел ?

Просторот на целта каде пристигнуваа натпреварувачите, повеќе наликуваше на пазар отколку место каде финишираат маратонците. Местото воопшто не беше обезбедено, па така секој еден посетител можеше комотно да застане до целта и рамо до рамо со судиите да го гледа финишот на трката.

Судија, кое е времето?

Таквата мешаница, на целта не даде јасен преглед на случувањата , а недоволни беа апелите на водителот на манифестацијата Зоран Михајлов, да се поместат гледачите ако не друго барем маратонците по пристигнувањето да може да дишат.

И Батистута пристутен

Дополнителен проблем за оние кои го следеаа маратонот беше движењето на возилата кои минуваа во обратна насока од трчањето на натпреварувачите. Добра страна од тоа што гледачите беа блиску (п)оставени до целта беше тоа што , ако не друго им се најдоа при рака на маратонците, па така тие несебично им подаваа вода на маратонците или ги упатуваа на фонтаната каде може да се освежат, бидејќи на целта не се знаеше “кој вода носи, кој трева коси“.


не гази на тревата

И за гледачите но и за маратонците видлив беше недостатокот на места за седење, и едните и другите ги запоседнаа неколкуте клупи во паркот, па вистинска борба се водеше за неколкуте слободни места , а маратонците мораа на кејот да одат за да се освежат.


една од ретките интервенции

За среќа во таа мешаница лекарскиот тим немаше многу работа, и тоа малку што го имаа навреме успеаа да го решат.

М.Постоловски