Оружен грабеж се случил попладнево во банка во центарот на Струга, дознава ОhridNews.

Од СВР Охрид, информираат дека две маскирани лица вооружени со автомстски пушки околу 17.30 часот упаднале во претставништвото на  „Уни банка“ во центарот на Струга и извршиле грабеж. Точната сума на украдени пари засега не се знае.

Во грабежот нема повредени.

Увид на местото на настанот врши екипа на полиција, која работи на расветлување на случајот, што ја вознемири струшката јавност.

Грабежот на банката е трет ваков инцидент во последните 24 часа во Струга. Какo што објавивме, непознати сторители синоќа извршија грабеж во административната зграда на Музејот во Струга и во црквата Св. Ѓорѓи, каде се чуваат вредни икони од овој крај.

OhridNews