Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи информира дека со заем од Светската здравствена организација, а преку УНДП, обезбедени се дополнителни 50 респираторни машини за потребите на здравствените установи во земјава.


Како што рече Османи, дел од респираторите ќе пристигнат во текот на овој месец, а дел до 5 јуни. Додаде дека респираторните машини се обезбедени по поволни цени.

Османи нагласи дека проценката на Министерството за здравство е дека со набавката на дополнителните респиратори се задоволуваат потребите на клиниките.

OhridNews