Македонија треба да ја искористи шансата која и се пружа во 2018 година да направи придвижување кон членство во ЕУ и НАТО, во спротивно не чека неизвесна иднина. Ова денеска во Струга го изјави вицепремиерот за евринтеграции Бујар Османи на работната средба со градоначалнивите и претставници на локални самоуправи од Југозападниот плански регион на која се разговара за подигнување на капацитетите за подобро искористување на ИПА фондовите.

-Ние сме оптимисти дека ќе се реши проблемот со името. Некако ѕвездите се така наместени за конкретен пробив. 2019 е изгубена година, заради тоа што има избори за Европскиот парламент и не може да се очекува европските држави да бидат фокусирани на балканот, а има избори и во Грција и во Македонија и не очекуваме никаков можен пробив во решавањето на проблемот. 2018 е таа година, ако ја пропуштиме оваа шанса мора да бидеме искрени пред граѓаните дека во наредните 10 години не ќе може да направиме никаков пробив, што ќе значи тоа за една мала држава надвор од НАТО и ЕУ во ваква геополитичка констаација, ќе мора сите трезвено да размислиме. – рече Османи.

Вицепремиерот Османи додаде дека очекува заедничко прифатливо решение на проблемот со името кое ќе биде достоинствено за Македонија.


Бујар Османи

OhridNews