Денеска со почеток од 15 часот и 30 минути ќе се играат шест натпревари од осминафиналето на Купот на Македонија во фудбал.

На програмата се првите дуели од оваа фаза, а двојките се: Силекс – Тетекс, 11 Октомври – Скопје, Шкендија – Брегалница, Хоризонт Турново – Пелистер, Напредок – Миравци и Работнички – Металург.

Вчера се одигра првиот натпревар во кој Гостивар како гостин ја совлада Ренова со 1:0.

Последниот натпревар Вардар – Тиквеш ќе се одигра в четврток со почеток од 18 часот и 30 минути.