четврток, дербито на оваа фаза ќе го одиграат Тотенхем и Интер.
Репрезент на македонскиот фудбал, во второто според квалитет фудбалско
натпреварување на Стариот континент е репрезентативецот Даниел
Ѓеорѓиевски, дефанзивецот на Стеауа. Романскиот преставник, во првиот
меч од осмина финалето, на домашен терен ќе му се спротистави на сеуште
актуелниот европски првак Челзи.
Викторија Плзен, која во минатото коло со елиминацијата на Наполи
приреди вистинска сензација, во оваа фаза за противник ќе го има
турскиот Фенербахче.
Рубин, кој го елиминира бранителот на трофејот Атлетико Мадрид и во
осмина финалето за противник има противник од Шпанија. Рубин, во првиот
осмина финален меч ќе му гостува на Леванте.
Останатите две руски екипи Анжи и Зенит за противници ги имаат Њукасл
односно Базел – Анжи на првиот меч е домаќин додека Зенит ќе гостува во
Швајцарија.
Лацио во 1/16 финалето ја елиминира Борусија Менхенгладбах, а во доколку
сака пласман меѓу најдобрите осум екипи во ова натпреварување ќе мора
да елиминира уште еден германски преставник, Штутгарт.
Лидерот во португалското првенство Бефика за противник во осмина
финалето го има францускиот Бордо, според прогнозите Португалците се
фаворити во овој двомеч.
Двојки :
18:00 Анжи-Њукасл
19:00 Стеауа-Челзи
19:00 Штутгарт-Лацио
19:00 Викторија Плзен-Фенербахче
21:05 Бенфика-Бордо
21:05 Базел-Зенит
21:05 Леванте-Рубин
21 05 Тотенхем-Интер