По повод 2-ри април, Меѓународниот ден на книгата за деца, во организација на основното училиште „Св.Климент Охридски“ и Националната установа библиотека „Григор Прличев“, денеска во салата за приредби на училиштето се одржа настан на кој учениците имаа можност да се дружат со пишаниот збор.
Овој пат основците слушаа дел од делата на македонскиот писател за деца и млади Тоде Илиевски кој присуствуваше на средбата, се дружеше со најмладите и им долови моменти од своето богато творештво.
OhridNews













