Учениците од трето одделение при Основното Училиште “Кочо Рацин“, денес беа во посета на локалната самоуправа каде имаа можност да се запознаат со нејзиното функционирање.

Нивни домаќин беше секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески кој на основците им го претстави работењето на општинската администрација.

При денешната обиколка низ просториите во општинската зграда дечињата добија информација за  начинот на  работењето на Општината и носењето на одлуките кои и нив како најмлади жители ги засегаат.  Младите  се запознаа со надлежностите на Градоначалникот, Секретарот, на Претседателот на Советот, на Советниците и на останатите стручни служби, истакна секретарот Спасески.

При денешната посета во Општината, основците  поставуваа  прашања до Секретарот ,  најголемиот број од нив од сферата на спортот и инфраструктурата. Најмладите со низа впечатоци и доживувања ја напуштија општинската зграда. За нив најинтересна беше посетата на кабинетот на Градоначалникот  и салата во која се одржуваат седници.   

OhridNews