Учениците од ОУ “Ванчо Николески” во селото Лескоец, во соработка  со нивните ментори – наставници  и други членови на ЕКО -ОДБОРОТ во просториите на училиштето за прв пат одржаа масовно  подготвување на здрава храна и трпеза.  Настанот беше посетен од голем број ученици и гости, кои имаа можност да ги вкусат подготвените јадења.


Активностите се дел од ЕКО-проектот “Здрава храна за детство без маана” во кој со особена посветеностт се вклучија ученици од нижите и вишите  одделенија  во Лескоец. Оваа практична еко-работилница е во функција на едукација на децата и возрасните околу значењето на здравата храна и нејзиното користење со цел здрав и долг живот.

Во рамки на активностите беше извршена и видео-презентацијата  за  подготовката и придобивката од конзумирање на здрава  храна.

Координаторите и членовите на Проектот  и директорката на училиштето Лилјана Врвезоска, изразија благодарност за масовното присуство на  вљубениците на здрава исхрана и искажаа надеж дека вакви еко-работилници ќе се одржуваат и во иднина со  цел што повеќе да се афирмира  и да се практикува здравата исхрана .

На презентацијата на здрава храна  и претходеше  и пригодна новогодишна приредба, на која настапија  учениците, како и  членовите  на  детското балетско студио “Соната”  од Охрид. Основците беа поздравени и од Дедо Мраз кој им посака здравје, мир, љубов , среќа и одличен успех.

OhridNews