Часот по општество, учениците од петтите одделенија од ОУ „Христо Узунов“, вчера, го поминаа во друштво на членови од Младински Сојуз Охрид. Во рамки на темата  „Личноста во групата и општеството“  како содржини кои ги обработуваат со своите учителки се и Правата на децата како човекови права, па гостите од МСО на забавен, интересен начин ги доближија знаењата до учениците.

Учениците имаа можност да проследат кратки предавања, забавни разговори, прашања и одговори во врска со човековите, а посебно детските права, организациите кои се формирани за заштита на правата на децата кои функционираат кај нас, на кои може да се обратат, но и обврските кои произлегуваат од секое право.