Основното училиште „Св. Климент Охридски “  член на Светската мрежа на УНЕСКО „Здружени училишта “  и Локалниот клуб на УНЕСКО при Здружението за истражување, развој и промоција на културните вредности и туризмот КУЛТ ДАМ од Охрид со заеднички активности ќе го одбележат   5 Јуни –  Светскиот ден на заштита на животната средина.

Во понеделник – 4 јуни од 9,00 часот во Основното училиште „Св.Климент
Охридски “ ќе се одржи Презентација на рибниот фонд и ендемските и
загрозени видови во Охридско Езеро. Предавач ќе биде Димче Мајкоски од
СРД „Св Апостол Петар “ од Охрид.

Истиот ден во 11 часот околу
60 ученици од ова училиште ќе го посетат Хидробиолошкиот институт во
Охрид и ќе разговараат со м-р Душица Илиќ – Боева на тема: „Животот на
пастрмката “.

Оваа 2012 година,  Обединетите Нации –  Светскиот ден на заштитата на животната средина ќе го одбележат под мотото:  ЗЕЛЕНА ЕКОНОМИЈА.

Експертите за екологија при ОН зелената економија ја третираат како можност преку низа активности да се поттикне подобрувањето на човечката благосостојба и социјална еднаквост. ОН препорачуваат глобално да се пристапи кон намалување на ризиците од загадување на животната средина и отстранување на низата веќе присутни еколошки недостатоци. ЗЕЛЕНАТА ЕКОНОМИЈА на пример е насочена кон намалената употреба на јаглеродот како основен загадувач на воздухот. Постојат илјадници начини да и помогнеме и возвратиме на природата со љубов.

OhridNews