Во основното училиште „Христо Узунов“, денес, во организација на  општина Охрид и ЗГ „Центар за климатски промени“ со пригодни активности се одбележа „Часот на Планетата Земја“.

Со учениците од ова училиште се реализира креативна работилница на која се изработуваше едукативен постер од пластични капачиња со еколошка порака; едукативен постер од кеси и колаж поврзан со темата „Да ја зачуваме планетата Земја“ на кој се испишуваат пораки од страна на децата во името на планетата Земја, а се вршеше и засадување на растенија.

Изработените творби од оваа работилница ќе бидат  изложени во училишниот ходник до 26-ти март, со цел што повеќе ученици и граѓани да се информираат за настанот како и околу подигањето на еколошката свет и заштитата на животната средина.

OhridNews