Струшките браќа, бизнисмените Ѓорѓи и Димитар Миладинови, и уште седуммина осомничени во аферата „Изгрев“, ќе останат во притвор уште 30 дена.

Судот вчера им го продолжи притворот на осомничените во аферата тешка 6 милиони евра.

Според обвинението, Ѓорѓи и Димитар Миладинови, заедно со другите осомничени, во периодот од 2002 до 2008 година преку разни малверзации во врска со хотелот „Изгрев“ се стекнале со противправна имотна корист во вредност од околу шест милиони евра. Тие се товарат дека ја оштетиле  германската ЛХБ банка за 5,2 милиони евра и  Тутунска банка за околу еден  милион евра.

Струшкиот хотел „Изгрев“ од неодамна е во сопственост на Македонската православна црква, која беше бизнис партнер на Миладинови во периодот кога се направени сомнителните зделки.

Ohridnews