Дваесетте терористи кои вчера им се предадоа на македонските безбедносни сили во Куманово, денес се изведуваат пред судија на претходна постапка.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска вчеравечер на прес конференција соопшти дека на полицијата и се предала група со над 22 лица, кои биле стационирани во кумановската Дива населба. Та додаде дека со нив ќе биде извршен информативен разговор и дека ќе им биде земена парафинска ракавица.

OhridNews