Од скопската Зоолошка градина информираат за успешно спроведената хуманитарна акција за собирање средства за операција на охриѓанката Сара, како и дека институцијата дополнително ќе донира од сопствениот буџет.

  • Граѓаните донираа 50 000 денари во Зоолошка градина Скопје. Но, ние како институција одлучивме да донираме уште 100 000 денари од продажбата на билети, велат од скопската Зоолошка градина.

Оттаму, ги повикуваат сите граѓани да се вклучат и помогнат преку акциите што се органиираат, со уплата на жиро сметката: 200001557959672–Горан Настески, депонент Стопанска банка или преку отворените телефонски броеви: 143 102 Телеком, 143 480 ВИП.

OhridNews