По неколку години изградба, денес, беше осветена новоизградената црква „Св.Илија“ кај Глобочица, во која е вградена и камен плоча од претходно потопената црква која датира од 15 век.
Осветувањето на црквата „Св.Илија“ се случува на 50-годишнината од иселувањето од селото Глобочица, кога заради потребите на градењето на хидроцентралата „Глобочица“(1964 година), населението морало да го напушти својот роден крај.
На новата црква, благодарение на упорноста и посветеноста на селаните, заедно со крстот, вградена е и камен-плочата од некогашната потопена црква, која била извадена од дното на Глобочичкото езеро од страна на нуркачки тим во мај, 2012 година. Сега се наоѓа на почесно место во еден од сводовите на новата црква. Инаку, во длабочините на водата се уште има остатоци од црквата „Св.Илија“.
Црквата „Св.Илија“ , се градела со доброволни донации од селаните. Фрескописот е дело на Петко Филкоски од село Нерези, а иконостасот на Божин Стојкоски и Кочо Аиноски од Охрид.
OhridNews