Со верски церемонии и богослужба со која чиночалствуваше митрополитот Охридски и Македонски и поглавар на Македонската православна црква – Охридска архиепископија Г.Г. Стефан, во сослужение со митрополитот Дебарксо – кичевски Тимотеј и митрополитот Повардарски Агатангел, на 5-ти јуни беа осветени новите конаци кај црквата Света Бородица Заумска во Заум.

Црквата во Заум, кој е заштитен со закон како вредно културно наследство, има исклучителна важност и големо научно значење, вели академик Цветан Грозданов, кој долги години го има истражувано ова светилиште.