Со нова акција на ЛК Лихнидос, од синоќа е осветлен и дворот на основното училиште „Братство и единство“.

Со директорот Џемал Мехмед се запознав пред две недели, во текот на нашата претходна акција за донирање на заштитни маски за секој ученик во Охрид. Директорот плени со својата скромност и посветеност кон работата, колегите и учениците. Ова е најмалку што можеме да направиме за ваков колектив, во кој веднаш се почувствував како меѓу најблиски. – изјави Проф. Д-р Зоран Тунтев, иницијатор на акцијата.

Со акцијата за осветлување на школскиот двор беше опфатен и влезот од Дневниот центар Зраци, чии простории се наоѓаат во зградата на основното училиште „Братство и единство“.

Во име на сите вработени во училиштето, во име на сите наши деца и родители, му благодарам на колегата Тунтев за донацијата. Сигурен сум дека во скора иднина многу лесно ќе најдеме и нови полиња за натамошна успешна соработка. – изјави директорот на училиштето, Проф. Џемал Мехмед.

OhridNews