Од ЈП Нискоградба информираат дека   поради дефект на  канализационата линија, во текот на денешниот ден и утре, нивните екипи ќе работаат на санација на  настанат дефект на улицата ” АСНОМ”, на пресекот на Булеварот “Туристичка” со улицата ” Никола Карев “.

Во текот на изведбата моторниот и пешачкиот сообраќај ќе се одвива во отежнати услови. Местото на кое ќе се работи ќе биде обезбедено согласно прописите.

По завршување на прекопот коловозот ќе биде вратен во првобитна состојба, велат од ЈП Нискоградба.

OhridNews