Отказ за вработена во аеродромската полиција,парична казна за раководител на преминот Ќафасан
10.08.14 15:01
Во текот на минатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 20 решенија против 20 вработени во Министерството за внатрешни работи поради сторени повреди во работењето. Притоа, на тринаесет вработени им е изречена мерка “парична казна“, на четири вработени мерка – “отказ“ на еден вработен мерка – “откажување на договорот за вработување”, на еден “писмено предупредување” и на еден вработен мерка – “запирање на постапката”.
Повреда во работењето извршила и вработена во граничната полиција на аеродромот „Свети Апостол Павле“. Изречена и е мерка „отказ” бидејќи постапила спротивно на правилата и прописите на Министерството, го злоупотребила и пречекорила даденото овластување и извршила дејствие што претставува кривично дело.
Казнет е и раководител на смена во Полициската станица на граничниот премин Ќафасан на кого му е изречена мерка „парична казна” , бидејќи постапил спротивно на правилата и прописите на МВР.
Во рамките на годишната програма и богатата културна понуда, НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид го најавува музичкиот настан „Циклус на концерти: Мозаик на жанрови“ Концертот ќе се одржи...
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалуваат за 5,00 денар по литар, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува, одлучи денеска Регулаторната коми...
Општина Струга соопшти дека во текот на наредните денови ќе започне акција за чистење на градот и ослободување на јавните површини од бесправно поставена урбана опрема Во рамки на оваа акција, ло...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.