Во заедничка акција на  вработените во ЈУНП Галичица Охрид и Шумската полиција од Охрид во атарот на с. Елшани, било откриено бесправно исечено 3 просторни метри дабово огревно дрво.

Дрвната маса записнички е одмеземена, а за констатираниот случај ќе биде поднесена соодветна пријава.

Изминатиот период Шумската полиција на повеќе локации во Охридско-струшкиот регион заплени поголема количина бесправно исечени дрва.

OhridNews