Здруженијата за заштита на животни денеска објавија фотографии и видео со вознемирувачка содржина, од бездомни животни кои умираат во најголеми маки откако некој расфрлал отроф низ охридските улици во екот на туристичката сезона.  Информациите, слики и видео снимките им пристигнале од, како што се наведува во дописот до медиумите, бројни шокирани и преплашени граѓани и туристи кои се обидувале да им помогнат на животните. Отровот, кој било исклучително силен, лесно можел да повреди дете, предупредуваат од здружението „Анима Мунди“.

  • Кучињата се бездомни и не се виновни што се на улица, туку се и самите жртви на неодговорни сопственици кои ги размножуваат и напуштаат кога ќе им здодеат. Општините располагаат со финансиски средства и се должни да ги стерилизираат, третираат хумано без исклучок, а за да го решат проблемот неопходно е најстрого да се забрани неконтролираното размножување и најстрого казнува неодговорното сопствеништво. Општините се должни да го превенираат и казнат насилството врз животните, масовното труење на животни кое е опасно по животот на сите и за кои законот предвидува и казна затвор. Ќе се превземе ли нешто за да се фати овој сторител, како и сите други кои убиваат животни? – прашуваат од „Анима Мунди“.

Невладините бараат од општината, Агенцијата за храна и ветеринарство како и Министерството за внатрешни работи, да преземат итни мерки согласно ѕаконот, ѕа да се спрешат ваквите појави во иднина.

OhridNews