Синоќа по повод големиот христијански празник летен Св.Климент Охридски –патронот на Охрид, а во организација на Младинскиот културен центар-Охрид и Европската асоцијација на фестивали, започна Вториот меѓународен хорски фестивал насловен „Тебе Поем-Св.Клименте“.

Низ улиците на Охрид и на разни локации-сцени хоровите и оркестрите учесници на фестивалот го најавија отварањето на фестивалот.

Официјалниот дел на фестивалот е вечерва во Центарот на културата „Григор Прличев“, кога со своја програма ќе се претстават учесниците.

Почетокот е во 21 часот.

Фестивалот е подджан од Локалната самоуправа.

OhridNews