На 29 март, ООУ „Братство Единство“ по втор пат организира мултикултурен „Отворен ден по граѓанско образование“, проект кој веќе втора година е поддржан од Бирото за развој на образованието.

Оваа година заради новонастанатата ситуација, работилницата беше изведена онлајн на тема „Сајбер насилство“.

 

Учениците, поттикнати од своите наставници по граѓанско образование ги презентираа своите сработени активности порзани со сајбер насилството и неговите облици, кое денес е сѐ повеќе застапено меѓу младите.

Тие упатија силни пораки против секаков обид на насилство на интернет.

  •  Користењето интернет е уметност, но немој да навредуваш, омаловажуваш, дискриминираш!
  • Еден навредлив збор, реченица, слика може да предизвика длабока рана за некого!
  • Внимавај како го користиш интернетот, секој има право на насмевка!
  • Биди уметник, а не сајбер насилник, шири радост, а не страв! – беа дел од пораките на ученивите од ООУ „Братство и Единство“.

OhridNews