Во петок, 22 мај, во периодот од 10:00 до 16:00 часот ќе се одржи Отворен ден во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид.
Посетителите, како што информираат од училиштето, ќе имаат можност одблиску да се запознаат со условите за настава, современо опремените кабинети и практичната работа што се реализира.
Во текот на денот ќе бидат претставени сите образовни профили и струки, како и можностите што ги нуди дуалното образование преку соработка со партнерски компании, додаваат од училиштето.
OhridNews













