Кабинетот на поранешниот Претседател на Република Македонија 2009-2019, д-р Ѓорге Иванов, заедно со Иванов школа за лидери – Алумни асоцијација (ИСЛАА) и Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите денес го објавен конкурсот за учество на 17. Школа за млади лидери на претседателот Иванов на темата „Нов свет. Ново лидерство. Нов прагматизам”.

Рокот за пријавување на конкурсот е до 30 јуни 2026 година, а апликациите се поднесуваат електронски на следниот линк: https://youngleaders.com.mk/apply/.
Програмата на школата е наменета за млади луѓе со завршено високо образование до 35 години, дипломирани студенти и професионалци со работно искуство. Се очекува учесниците да имаат желба континуирано да ги развиваат и усовршуваат своите лидерски вештини и да придонесуваат за позитивен развој на општеството и нивната околина.
Меѓународната обука за млади лидери на проф. д-р Ѓорге Иванов, Претседател на Република Македонија 2009-2019, традиционално се одржува од 2010 година. Во досегашните 16 изданија на школата учествуваа 625 млади луѓе од Македонија и од околу 40 земји од целиот свет, а речиси 450 реномирани предавачи и говорници од Македонија, Европа и светот одржаа предавања и беа дел од програмата.
OhridNews












