Во селото Белчишта, вчеравечер, беше отворена дваесет и деветата по ред Меѓународна ликовна колонија Дебрца 2013 – та.

Реномираната ликовна колонија, со децениска традиција, за отворена ја прогласи градоначалникот на Општина Дебрца Игор Трајкоски кој во своето обраќање истакна дека долгата традиција на колонијата и нејзиното високо реноме обврзуваат кон неа да се однесуваме со поголема одговорност.

–    Меѓународниот карактер на Ликовната колонија отвора можности , малата рурална општина Дебрца да се претстави пред светот, рече Трајкоски.

Годинава, во рамки на колонијата ќе творат 12 уметници од 4 земји, кои во Дебрца ќе останат 10 дена, а нивните дела потоа ќе бидат изложени во галеријата на општината.