Во организација на Женски центар „Бисера“ и оваа година, по повод Меѓународниот ден на жената 8- ми март, се отвори изложба на дела од сликарки од Охрид.

Изложбата беше отворена вчера во Центар за култура „Григор Прлицев“  и ќе трае 13-ти август годинава. На отворањето настапија уценици од Средното музичко училиште „Тодор Скалоски-Тетоец“ од Струга и танцовата група „Соната“.

Годинешната изложба на дела на жени сликарки од Охрид, во организација на „Бисера“, се одржува по 22-ри пат. Воедно, годинава се одбележуваат и 10 години меѓународна соработка на „Бисера“ со Организацијата на жени од Будва.

OhridNews