Е па мили и ова е можно. Штом совеста во човека затаи човекот се отчовечува и на неговите зла крај им нема. Затоа државата треба да е тука, да низ своите институции и закони кои своја примена ќе имаат да ги спречи тие зла и да ги казни злосторниците. Арно ама ја нема, но ја има да удри кон оние што марули продаваат, или оние што не носат лична карта дур спасуваат нечиј живот, или кон оние што ќе повишат тон спрема полициски службеник кој пробува злостор да изрелативизра и да избегне спроведување на истрага за обид за убиство…

Geplaatst door Климент Арнаудов op Donderdag 12 december 2019

Душево со денови луташе низ Охрид. Денес, откако другар ми дојави како сведочи куче со мака голема, успеавме да го лоцираме и да го фатиме.

Geplaatst door Климент Арнаудов op Donderdag 12 december 2019

Огромна мака имаше, и од што му сметаше истутканото крзно со задните нозе наместо да оди скокаше како кенгурче. Не можеше ниту измет да направи, се изнамачи милово и којзнае колку долго се мачело затоа што на оние што го чувале совеста им затаила, а институциите дремат ли дремат. Беше недоверливо, малку покажа и запчиња, но штом почувствува дека помош му нудиме се скроти ко јагненце.

Geplaatst door Климент Арнаудов op Donderdag 12 december 2019

Ветеринарите крајно вџашени од тоа кој дозволил во ваква состојба да дојде кутрево. Затоа нудиме награда од 100 евра за оној што ќе ни посведочи чие било милово и да поднесеме пријава за неодговорно сопствеништво и за напуштање миленик (проверивме чип немаше). Можно е и да е истоварено од друг град, ако некој го препознае ве молиме не се плашите да сведочите оти така на страната на злото прибегнувате.

Geplaatst door Климент Арнаудов op Donderdag 12 december 2019

Му дадовме име Пако, ам му личит. Светна ко јагненце. Пако е младо машко куче (не постаро од две годинки), и брзо стекнува доверба (штом без седатив го ишишавме и ниту еднаш запче не покажа ниту па за’ржа јасно е дека права душа е). Итно му треба вдомувач затоа што немаме кај да го згрижиме.

Нека му биде втора шанса за животче на Пако.

Последна вест: Душево утре ќе биде згрижено во Велес и најден му е и вдомувач!

Фејсбук статус на Климент Арнаудов
Активист за заштита на животните

*Ставовите објавени во рубриката Отворена се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите