Основното училиште „Григор Прличев“ во Охрид, ја доби првата сензорна градина во Охридско – струшкиот регион, но и во државава. Со тоа станува побогато инклузивно и пристапно место за учениците со типичен и атипичен развој. Сензорната градина е реализирана со заеднички напор на Фондацијата „Чекор по чекор“, ОУ „Григор Прличев“ и Халк Банка, како дел од проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“.
Градината нуди широк спектар на сензорна стимулација и со нејзино користење ќе се подобри пристапноста до образовните програми за учениците.
Прва сензорна градина во ОУ „Григор Прличев“
Н.С.Ј.
К.С.



















