Демант на лажните изнесени информации од авторот Крсте Спасески во текстот во рубриката под наслов Отворена: „Претседателот и Секретар на Охридските пензионери казнети со глоба од 2000 евра“ објавен на 07.12.2022 година на веб порталот OhridNews.

Имено авторот Крсте Спасески лажно се претставува дека бил член на собранието на З.П. Охрид и Дебрца Охрид бидејќи со одлука на собранието е отповикан и исклучен од сите органи и тела на управување во З.П. Охрид и Дебрца Охрид, а причина за тоа е неговото деструктивно однесување во работењето и редовното функционирање на З.П. Охрид и Дебрца.

Не се точни изнесените наводи од Крсте Спасески во текстот дека Здружението на пензионери на општините Охрид и Дебрца од Охрид, претседателот Ѓорѓи Трпчески и секретарот Стефан Владимиров биле казнети со глоба од 2000 евра од ДПИ за наводна злоупотреба со евиденцијата и наплатата на огревни дрва. З.П. Охрид и Дебрца не врши никакво снабдување на огревни дрва на пензионерите и не е вршена никаква контрола од ДПИ Охрид.

Снабдувањето на огревни дрва се врши преку ТДУ З.П. Клуб на пензионери Охрид кое е самостојно правно лице и се јавува во улога на посредник и олеснувач во однос на снабдувањето на огревни дрва на пензионерите преку можност за плаќање на повеќе рати со кое раководи управителот кој се поставува од членовите на собранието на З.П. Охрид и Дебрца Охрид.

Се отфрлаат и сите други изнесени наводи во текстот од авторот Крсте Спасески како неточни и злонамерни со кое сака да им наштети и им го наруши угледот на претседателот и секретарот на З.П. и кое е казниво дело за кое законски се одговара.

НАПОМЕНА: Авторот на текстот Крсте Спасески овие изнесени и други лажни информации и обвинувања на Вашиот веб портал ги има испраќано и до друг веб портал од Охрид за кои Извршниот одбор на нашето Здружение ги има отфрлено со давање на писмен демант.

З.П. Охрид и Дебрца Охрид
Извршен одбор

Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите