Универзитетот за информатички науки и технологии Св. Апостол Павле од Охрид во рамките на своите промотивни активности организира Отворени денови од 18 – 20 април 2022 год. од 12 – 14 часот.

Отворените денови се организираат со цел да се промовираат студиските програми на УИНТ пред матурантите и нивните родители, велат од Универзитетот.

Исто така, информираат дека во текот на отворените денови ќе има презентации од компаниите со кои Универзитетот има воспоставено соработка со цел да се претстават можностите за пракса и работа на идните студенти.

Од Универзитетот ги покануваат сите заинтересирани лица да ја посетат оваа образовна институција во текот на отворените денови и да се запознаат со условите за упис и студирање.

OhridNews