Со свечена приредба ОУ Григор Прличев,  синоќа во центарот за култура, го одбележа патрониот празник. На свеченоста на најдобрите ученици на литературниот и ликовниот конкурс им беа врачени пригодни признанија.

“Охрид е огниште светилиште и жар на македонскиот копнеж, но Охрид без Прличев не ќе беше тоа што е денес, зошто тој е човекот кој почитувајќи го соппствениот аманет да стане учен човек и потпирајќи се на својата дарба се искачи на највисокиот врв и ја освои славата како  втор Хомер“, истакна во своето обраќање директорот на ОУ “Григор Прличев, Сашо Ставрески.

Тој рече дека  по 16 години чекање конечно училиштето успеа да ја изгради спортската сала, за што упати благодарност до сите кои помогнаа во реализација на проектот кој е од огрмоно значење за учениците. Ставрески изрази надеж дека соработката помеѓу училиштето, родителите и локалната самоуправа ќе продолши и натаму во интерес на иднината.


учениците во “Григор“ добија спортска сала по 16 години