Со поплочување на дворот и реновирање на училниците, ОУ „Христо Узунов“ доби нов лик, и подобри услови за одвивање на наставата. Ова беше истакнато на свеченоста што по повод реализирање на  Проектот за реконструкција на училишниот двор и училниците се одржа вчера во училиштето.



– Покрај овој многу корисен зафат за активностите на учениците и изгледот на училиштето, реконструирани се  подовите во десеттина училници, а  четири училници се комплетно реконструирани, истакна на свеченоста директорката на училиштето, Оливија  Пирузева -Јанева.


За реализаиција на проектот локалната самоуправа издвои 2,5 милиони денари, а во знак на благодарност училиштето на градоначалникот Александар Петрески му врачи благодарница. Свеченоста ја збогатија  учениците од ОУ „Христо Узунов“ кои се претставија со пригодна програма.

Ohridnews