Вчеравечер зградата на ОУ „Кочо Рацин“ беше осветлена во боите на ретките болести. Со оваа симболична поддршка, велат од училиштето, испраќаат силна порака за солидарност, разбирање и прифаќање.
Ретките болести се можеби малку познати, но луѓето што живеат со нив не смеат да бидат невидливи. Заедно учиме дека различноста е вредност, дека емпатијата се гради од најмала возраст и дека секој заслужува поддршка, надеж и еднакви можности. Да продолжиме да шириме љубов, свесност и подадена рака кон сите кои се соочуваат со предизвиците на ретките болести, посочуваат.
OhridNews
















