Охридското основно училиште „Кочо Рацин“ е дел од глобален,светски проект ориентиран за соработка,фокусиран на иновации и одржливост. Во проектот се вклучени ученици од 6 континенти ,460 училишта од 85 земји, а од Македонија учествуваат две основни училишта: „Кочо Рацин“ од Охрид со менторство на наставник Виолета Петковска и „Крсте Петков Мисирков“ со менторство на Маја Виденовик.
Учениците се фокусираат на темата, истражуваат, креираат, дискутираат, креираат видео или презентација која ја споделуваат на веб-сајт. На овој начин учат на 2 нивоа од сопствената училница и од нивните глобални врсници.
Првата недела активностите беа поврзани со тоа-Што е иновација? Недела 2- Кои иновации го прават светот поиновативен? Како користиме ИКТ алатки на иновативен начин?
– Недела 4-Скајп поврзување. Поради тиме зоната ние ја заменивме со заедничка SWAY. Презентација на учениците од „Кочо Рацин“ и ученици од Канада и учителката Кимберли, со нив цела недела разменувавме информации и ресурси,секој во својата училница ги гледаше активностите од врсниците, објаснува Виолета Петковска, одделенски наставник во ОУ „Кочо Рацин“.
Реализацијата на проектот почна на 16 мај и ќе трае до 16 јуни.
OhridNews












