Навивачката група „Рибари“ утре (недела 19.12), организира хуманитарна акција за собирање парични средства кои потоа ќе бидат наменети онаму каде што е најпотребно за, како што велат, да се донесе малку насмевка за празниците во секое семејство.

Хуманитарната акција ќе се одвива во периодот од 12:00 до 14:00 во паркчето во близина на Општа Болница Охрид.

Од навивачката група ги повикуваат сите „Рибари“ и хумани охриѓани да се приклучат и да донираат, секој, во рамки на можностите.

OhridNews