Членот на охридскиот атлетски клуб Јован Стојоски ќе биде македонски претставник во атлетика на Олимписките игри во Токио, одлучи Македонскиот олимписки комитет (МОК).

Стојоски има олимписки циклус за паметење, постигнувајќи одлични резултати каде и да настапуваше.

Покрај Стојоски специјална покана добија каратистката Пулексенија Јованоска, стрелачот Бранко Бранковски и пливачите Филип Дерковски и Ева Петровска.

Со исполнета А норма на Олимписките игри во Токио ќе се натпреваруваат Дејан Георгиевски – Таеквондо односно Магомедгаджи Нуров – Борење слободен стил.

Олимписките игри во Токи започнуваат на 23 јули и ќе траат до 8 август.

OhridNews