Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа регистрирани се 129 нови случаи на коронавирусот од направени 854 тестирања. Пријавени се вкупно 13 починати лица, а оздравени 342 пациенти.
Од новозаразените 129, од Скопје се 76, Кавадарци – 19, Неготино – 9, Прилеп – 6, Велес, Охрид и Струга – по 3, Куманово и Тетово – по 2 , Битола – 9, Гостивар, Штип, Кичево, Виница , Македонски Брод и Демир Капија – по 1.

Починати се 5 пациенти од Скопје (76г, 70г, 61г, 58г, 54г ), 2 пациенти од Кавадарци (87г, 78г ), и по еден пациент од Тетово (73г), Куманово (79г), Охрид (66г), Гевгелија (73г), Прилеп (80г) и Неготино (61г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.
Во моментов во Охрид има 382 активни случаи, а во Струга 157.
OhridNews











