Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се регистрирани 62 нови случаи на КОВИД 19, оздравени се 245 пациенти, починале 14 лица, а направени се 2.557 тестирања.
Вкупната бројка на дијагностицирани е 154.698.
Од новорегистрираните 62 случаја, во Скопје се 33, Гостивар и Струмица по 4, Прилеп, Битола, Кавадарци, Охрид и Кичево по 3, Куманово два и Тетово, Велес, Кочани и Кратово по еден.

Пријавени се вкупно 14 починати лица: 6 од Скопје (58г,60г, 63г,72г , 82г, и 83г), 3 лица од Тетово (69г, 74г, 79г), 2 лица од Гостивар (62г и 77г) по едно лице од Куманово (60г), Кичево (74г) и Битола (68г). Од пријавените, 4 се починати во домашни, а останатите 10 лица во болнички услови.
Во моментов во Охрид има 203 активни случаи, а во Струга 77.
OhridNews











