Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2863 тестирања, а регистрирани се 476 нови случаи на вирусот Ковид-19. Починати се девет лица, а оздравени 407 пациенти.
Од починатите, четири пациенти се од Скопје (53г, 67г, 68г, 74г) и по еден смртен случај од Прилеп (68г), Велес (75г), Охрид (72г), Струмица (81г), Кочани (63г). Сите се починати во болнички услови.

Од регистрираните 407 оздравени пациенти 36 се од Охрид, а 19 од Струга.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 95.347, бројката на оздравени пациенти е 85.846, на починати е 2.955, а бројот на активни случаи изнесува 6.546. Во Охрид во моментов има 368 активни случаи со Ковид 19, а во Струга 156.
OhridNews











