Нови 373 случаи на заболени од Ковид-19 од направени 2.345 тестирања регистрира денеска во земјава Министерството за здравство во изминатите 24 часа.

Од новите 373 случаи со КОВИД-19, најмногу се во Скопје – 155, Прилеп – 47, Кавадарци – 23, Охрид – 22, Куманово – 20, Тетово – 17, Струга – 10, Битола – 9, Велес, Струмица и Берово по 7, Штип, Крива Паланка и Делчево по 6, Неготино – 5, Дебар и Валандово по 4, Гостивар, Кочани, Ресен, Пробиштип и Кратово по 3, Гевгелија – 2 и Кичево – 1.

 

Оздравени се 309 пациенти, 40 од Охрид и 16 од Струга.

Пријавени се вкупно осум починати лица. Починати се пет пациенти од Скопје (94г, 81г, 79г, 78г и 76г) и по еден пациент од Куманово (66г), Гостивар (61г) и Прилеп (76г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Во моментов во Охрид има 367 активни случаи, а во Струга 159.

OhridNews